Митева: Во најголема криза власта троши скоро 3 милиони денари за скапи алкохолни пијалоци

miteva
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата од ново не уверува дека со СДС и ДУИ на власт луксузот на функционерите на државен трошок нема да запре.

Во најголемата криза, кога една потрошувачка кошничка не може да се покрие со две минимални плати, и кога половина милион наши сограѓани живеат со под 150 денари на ден, Владата на Ковачевски преку СОЗР троши пари на скапи и луксузни пијалоци и јадења. Во наредниве неколку дена ќе објавуваме документи како власта се луксузира, на сметка на народот.


И кога нема пари за болните од цистична фиброза, кога нема за инсулин или за друг вид терапија треба да се сетиме дека Ковачевски преку СОЗР купува скапи и луксузни пијалоци за 2.950.000 денари.

Ова е договорот почитувани, кој е склучен на 24.04.2023 година помеѓу СОЗР и три економски оператори. Овој договор е Рамковна спогодба со која на договорниот орган му се дозволува да повлекува производи од палетата која е понудена во текот на целиот договорен период. Договорот е склучен со три економски оператори, со тоа што му се дава можност на СОЗР ако еден економски оператор не може да ја изврши нарачката, институцијата истиот пијалок да го нарача од друг економски оператор, по цените кои што се понудени од секој поединечно.

Кога ќе ги погледнеме цените по кои владата на Ковачевски преку СОЗР ќе нарачува, може јасно да заклучиме зошто владата нема пари за народот.

Почитувани,

Функционерите од СДС и ДУИ ќе имаат можност да пијат високо квалитетно вино, означено како Барик вино со контролирано потекло во пакување од 0.75 литри по цена од 2.293 денари.

Додека народот преживува со 150 денари на ден, Ковачевски и неговите министри и директори ќе имаат можност да пијат виски од 1 литар, со минимум 42% алкохол кое чини 2.730 денари. А, кога ќе сакаат да пијат нешто поскапо, ќе пијат Бурбон виски во шише од 1 литар и со минимум 42% алкохол кое чини 3.413 денари.

Додека болните од дијабет чекаат инсулин, функционерите од власта ќе се засладуваат со крем ликер набавен за 2.034 денари.

Кога народот ќе купува поевтини тестенини, министрите и директорите на Ковачевски ќе наздравуваат со пенливо полуслатко бело вино од 1.331 денар.

Додека студентите ги чекаат парите за студентски оброк, и се борат за денар повеќе, луѓето околу Ковачевски ќе можат да пијат Коњак кој ќе чини и до 3.413 денари.

Овие пијалоци, во кои ќе уживаат функционерите од власта, половина милион луѓе во Македонија можеби воопшто нема да можат никогаш да ги пробаат.

Почитувани,

Вака изгледа луксузот на власта на сметка на сиромашниот народ. Ова мора да има крај!

Митева: Скандалозно е тоа што вработувањата во МВР се без јавен оглас и јасно се гледа интенцијата на СДС да ги згрижи своите кандидати кои изгубија на последните локални избори

Денес портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева по прес конференцијата беше запрашана од медиумите за коментар за тоа што ДКСК има донесено одлука дека постои партиско влијание за вработување на кандидатите за градоначалници од редовите на СДСМ во МВР и влијание од пратеникот Мартин Костовски за вработувањето на неговата сопруга во МНР.

„Ова за жал е уште еден доказ кои се принципите на владеење на власта на СДС И ДУИ – непотизам, лични интереси, партиски вработувања и криминал. Скандалозно е тоа што вработувањата во МВР се без јавен оглас и јасно се гледа интенцијата на СДС да ги згрижи своите кандидати кои што изгубија практично на последните локални избори“, појасни Митева.

Исто така таа нагласи дека потребен е рестарт на системот, власта да си замине и да започне негување на вистинските вредности согласно мерит системот.

„Исто така, онаа прекршочна казна која што ја добил пратеникот Мартин Костовски сметаме дека е сосема недоволна! Потребен е комплетен рестарт на системот, оваа власт да замине што поскор и да започне негување на вистински вредности согласно мерит системот, а партизацијата на институциите со СДС на власт мора да биде минато“, рече Митева.

Прес-конференција на Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK