Откриени две досега непознати слики на Рембрант

rembrant
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Досега непознати два портрета на светски познатиот сликар Рембрант се откриени по 200 години, во приватна колекција на едно британско семејство. Според лондонската аукциска куќа „Кристи“, стручњаците наишле на сликите на холандскиот уметник при „рутинска проценка“ на сликарската колекција.

– Не знаев што ќе најдам… Се осмелив да сонувам. Но, за мене беше изненадувачки што овие слики никогаш порано не биле проучувани. Тие беа целосно отсутни од литературата за Рембрант, забележа проценителот Хенри Патифер.


Автентичноста на сликите е потврдена и во аукциската куќа и во Ријксмузејот – уметничкиот музеј во Амстердам, Холандија, каде што се специјализирани за делото на Рембрант. Забележано е дека сликите прикажуваат двојка „семејно поврзана со уметникот“ – Јан Вилемс ван дер Плуим и неговата сопруга Јапген Карелс.

„Кристи“ ќе ги понуди портретите на наддавање во Лондон во јули. Пред тоа ќе бидат прикажани во Њујорк и Амстердам. Проценетата вредност на двете слики, засега е 5 – 8 милиони фунти. си/ссм/

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK