Одлуката на судот во Стразбур е потврда дека во Македонија имаме заробено судство од ДУИ и СДС кое служи за гонење на политички неистомиленици

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Одлуката на судот за човекови права во Стразбур потврди дека случајот 27 април беше политички процес, процес за гонење и тортура на политички неистомисленици е со цел да се случат Уставни измени во Собранието.
Одлуката од судот во Стразбур е само уште една потврда дека во Македонија судството и судиите се заробени од кликата на власт предводена од ДУИ и СДС.

Потврда за тоа како криминалците од ДУИ и СДС ги користат судиите и јавните обвинители за закани, уцени и притисоци врз ВМРО-ДПМНЕ.


Оваа одлука е само уште еден доказ за суровоста и изживувањето на Добрила Кацарска, за која доби своја лична награда – уставен судија.

Додека невини луѓе лежат во затвор, криминалците од власта на ДУИ и СДС слободно хараат низ државата и секој ден стануваат се побогати, пљачкосувајќи го народот.
За сите вмешани во овој политички случај, за сите обвинители и судии по промената на власта, која ќе е случи многу скоро, ќе има одговорност.
Одговорност заради тортурите врз граѓаните кои се уште се во затворите и одговорност за малтретирањата и страдањата на семејствата на неоправдано осудените лица кои добија над 210 години затвор.
Правда во Македонија ќе има. Правда за сите неоправдано затворени, како и одговорност за секој кој се вмешал во криминал и предавства.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK