Промоција на книгата „Децата на партијата“ од Серјожа И. Марков

decata-partijata
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во мултимедијалниот културен центар „Матица Ексклузив“ од Скопје, денеска ќе се одржи промоција на книгата „Децата на партијата“ од Серјожа И. Марков.

-На страниците од ова ретко возбудливо четиво дефилираат автентични ликови, кои во деведесетите години на минатиот век ќе го пробудат националното чувство кај македонскиот народ. Всушност, авторот дава широка слика на првите години од осамостојувањето на нашата држава, во која идеализмот и политичкиот романтизам заземаа посебно место. Особено возбудливи се страниците, во кои се говори за члениците од тоа време, кои идеалите ги заменија со бизнис цели, така што денес тие „прераснаа“ во „големи бизнисмени“, соопштија од „Матица Екслузив“.


Серјожа И. Марков по професија е адвокат и ко-основач на адвокатско друштво. Автор е на стручни трудови од областа на правото, како и на книгата „Енергетстко право“. Почесен конзул е на Република Молдавија во Република Македонија.

Книгата „Децата на партијата“ ќе ја промовира македонскиот писател и полиглот, Паскал Гилевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK