Изречени 84 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

policija-stop
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вкупно 84 возачи се санкционирани за брзо возење при вчерашната засилена полициска акциска контрола на територијата на СВР Битола, спроведена од 14.00 до 19.00 часот.

Како што информира МВР, 59 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 25 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.


-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведува МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK