ЦУК: Потрагата по трите лица со мотори изгубени на планината Плачковица заврши среќно

plachkovica
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Среќно заврши потрагата по тројцата моторџии кои вчера биле пријавени дека се изгубени на планината Плачковица, а нивните семејства не можеле да воспостостават телефонски контакти, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од ЦУК го пренесуваат известувањето од регионалниот ЦУК -Штип, дека преку единствениот повикувачки број за итни случаи, е добиена информација за изгубени лица на планина Плачковица. Тројцата моторџии биле со поголема група кои се упатиле од хотел „Бел камен“ -Радовиш кон село Зрновци. Последен контакт со нив е околу 19:00 часот, при што кажале дека се заглавени во некоја кал на неодредена локација.


– Во потрага биле вклучени: 15-16 лица со мотори кои биле во нивната група, едно полициско возило од Полициската станица (ПС )Штип на правецот Туртел – одмаралиште Универзитет „Гоце Делчев“ (УГД), едно полициско возило од село Зрновци кон Плачковица, околу 20-25 луѓе од поблиската фамилија на исчезнатите лица. Истоврено, било контактирано со Доброволна планинска спасувачка служба „Осогово“ од Кочани, кои се организираат да тргнат во пребарување. Биле известени и дежурните од ДЗС Скопје за превземање мерки во нивна надлежност, се вели во соопштението од ЦУК.

Регионалниот ЦУК Штип утринава извести дека од Планинарска служба Осогово со четири лица и едно теренско возило во 5.00 часот излегле на терен и пребарувале на ралција Видовиште, Латал – Бел Камен.

Според последните информации добиено од РЦУК Штип, едното од изгубените лица во 06:58 часот воспоставило контакт со член на фамилија и известил дека трите лица со моторите се заглавени во кал, па ноќта ја поминале на планината Плачковица и дека се во добра здравствена состојба.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK