Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“: Гран при за Сара Ѓорѓијоска

diplomi_34534534543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поетесата Сара Ѓорѓијоска од Куманово ја осови највисоката нагарда на десеттото издание на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ што се одржа во Гостивар.


Жири комисијата на овогодишното издание, во состав: Маја Апостолоска претседател и членовите Бранко Цветковски и Слаѓана Брезовска, за најдобар странски автор ја прогласи  Александра Вујишиќ од Подгорица,Црна Гора. Првата награда  ѝ припадна на Лидија Размоска Тримовска од Скопје, втората на Силвана Димитриевска од Скопје, а третата награда на Анета Велкоска Ода од Скопје. За најуспешна млада искра е прогласена седумнаесет годишната Марија Јанчевска од Скопје.

Пред свеченото доделување на наградите во Ценатрот за култура во Гостивар, дванаестте финалисти ги прочитаа нивните дела со кои учестуваа на конкурсот. Оваа година во две возрасни категории се пријавија 184 поети од Северна Македонија, Словенија, Романија, Албанија, Србија, Хрватска и Црна Гора.

Во склоп на манифестацијата беше промовирана најновата заедничка поетска збирка „Литературни искри“ 2023. Организаторите на фестивалот, традиционално на наградените поети им доделија плакети, а на останатите финалисти и застапени автори во заедничката поетска збирка им додели дипломи.

Поетскиот фестивал „Литературни искри“ се одржува во чест на 24-ти мај, денот на првите македонски просветители Светите браќа Кирил и Методиј, а реализацијата на овогодишното издание беше поддржано од Министерство за култура и Општина Гостивар. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK