– Од утре следува период на променливо облачно и топло време, а во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, проследени со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за изолирана појава на град.
Минималната температура утре ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 15 до 24 степени.