– Со вклучени сирени и дефиле низ улиците на градот Денот на пожарникарите 20 мај денеска го одбележаа припадниците на Територијалната противпожарна единица од Охрид.
Охридската противпожарна единица ја чинат 38 пожарникари, опремени со седум специјални возила за гасење пожар и пренос на техника, од кои само едно е ново, одека останатите се застарени.
Според податоците од Единицата, во првото тромесечие на ова година охридските пожарникари имале 92 интервенции на терен, што е намалување споредбено со истиот период лани.