– Мајами го победи Бостон со 111:105 во вториот натпревар од финалето на Источната конференција на НБА-плејофот. Ова беше втора победа на „жешките“ на теренот на Селтикс за водство од 2-0 во серијата прв до четири.
Најефикасен кошаркар на натпреварот беше Џејсон Тејтум со 34 поени, при тоа додавајќи и 13 скока, но недоволно неговиот тим да избегне пораз.
Кај Мајами се истакнаа Џими Батлер со 27 поени и Адебајо со 22 поена и 17 скокови.
Следните два натпревара ќе се играат на теренот на Мајами хит.
И во финалето на Западната конференција резултатот е 2-0. Таму Денвер нагетс го искористи домашниот терен на првите две средби со Лос Анџелес лејкерс. з