Бајден одобри обука на украинските пилоти со Ф-16 од четвртата генерација

bajden
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател Џо Бајден одобри планови за обука на украински пилоти на борбени авиони Ф-16 од американско производство, изјавија извори за американски медиуми. Бајден ја донесе одлуката откако разговараше со сојузниците на самитот на Г7 за тоа како да се зајакне поддршката за Киев против руската инвазија.

Според изворите, кои сакале да останат анонимни, тој најавил одобрување за обуката за време на состанокот на лидерите на Г7 во Хирошима. Тоа најверојатно ќе се одржи во Европа во наредните месеци. Лидерите најавија и нови санкции против Москва на форумот, пред да им се придружи украинскиот претседател Володимир Зеленски на самитот в недела.


Бајден им рече на лидерите дека одлуките за тоа кога, колку и кој ќе ѝ обезбеди на Украина борбени авиони од четвртата генерација што ќе ги користи во борбите, ќе бидат донесени во наредните месеци додека продолжува обуката.

Зеленски постојано повикуваше на испорака на западни борбени авиони за да ја зајакне одбраната на неговата земја во руската сега 15-месечна војна против Украина, но досега се соочуваше со скептицизам на САД.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK