Во тек е целосна реконструкција на детското игралиште во населеното место Миладиновци, која е во завршна фаза. Во рамки на игралиштето поставени се детски реквизити, нишалки и лизгалки, поставена е гумирана подлога, клупа, канти за отпадоци за почиста и поубава средина.
Во наредните денови, соопштија од Општина Илинден, ќе се санира и оштетената заштитна ограда на детското игралиште.
Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски го посетил детското игралиште и истакнал дека со реконструкцијата на ова детско катче и децата од Миладиновци ќе добијат убаво и безбедно место за игра и забава, каде ќе можат да го поминуваат слободното време.
Во наредниот период Општина Илинден ќе изврши реконструкција и на детските игралишта во останатите населени места, со цел да се добие уреден простор за рекреација и забава на најмладите во општината.