Законските измени за коридорите и денеска пред пратениците

koridori
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Собранието и денеска продолжува дебатата за предложените законски измени поврзани со проектот за изградба на четири автопатски делници на коридорите 8 и 10д. На пленарна седница треба да продолжи расправата за предложените измени и дополнувања на Законот за урбанистичко планирање, а во Комисијата за европски прашања за измените на Законот за експропријација.

И во вчерашната дебата во Собранието доминираа критиките од опозицијата, за нетранспарентност поради необјавениот Договор со изведувачот, американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, за злоупотреба на европското знаменце за постапката за носење на законите бидејќи не се дел од реформските процеси, за вредноста на проектот која тврдат дека ќе надмине две милијарди евра.


Амбасадорката Агелер, пак, наспроти обвинувањата опозицијата во интервју за МИА истакна дека е уверена оти процесот во кој е инволвиран „Бехтел“ е целосно транспарентен и законски, бидејќи, како што вели, тоа е начинот на кој функционира оваа компанија, во спротивно не би имала проекти насекаде во светот и неколку во регионот на Западен Балкан.

Јас навистина верувам дека оваа земја е дојдена до точка, кога треба да ја отвори вратата, да се втруне низ неа и да се движи напред кон својата посветла иднина, вели американската амбасадорк

Таа изрази разочарување поради тоа што опозицијата без да располага со сите факти и информации го критикува проектот, нагласувајќи оти тоа го прави од политички причини, за добивање политички поени.

-Сметам дека мошне е разочарувачки тоа што тие во опозицијата критизираат без сите факти или критизираат нешто за што немаат информација. Тоа го прават едноставно само за да бидат против Владата, да тоа е работа на опозицијата, но истовремено сум целосно уверена дека процесот во кој е инволвиран „Бехтел“ е целосно транспарентен и законски, бидејќи тие работат на тој начин, инаку не би имале проекти насекаде во светот и одреден број тука во регионот на Западен Балкан, ако не беа доверлива компанија и граѓаните на оваа земја ќе бидат мошне среќни да ги имаат коридорите 8 и 10 д, кога ќе бидат комплетирани. Разговорите мислам се уште траат, но сметам дека е жално што има такви, кои ќе застанат на патот едноставно за да заработат политички поени, нагласи Агелер во интервју за МИА.

Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во дебатата за промените на Законот за урбанистичко планирање на пленарната седница, повторија дека Владата го злоупотребува користењето на европското знаменце. Прашаа како може да се кажува дека овој коридор ќе чини околу една милијарда и триста милиони евра без направена студија, идеен и основен проект и проект на изведена состојба. И овој предлог-закон е доставен до пратениците со празна кореспондентна табела затоа што, како што посочија, Владата нема што да напише ништо линк европско помеѓу овој закон и законите во Европа.

Пратениците од СДСМ се надоврзаа на интервјуто на Агелер за МИА во која вели дека „Бехтел и Енка“ е компанија која работи транспарентно и законски, а опозицијата критикува заради политички поени. Посочија дека по изјавата на амбасадорката, веќе нема ништо сомнително околу изградбата на коридорите. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ реплицираа дека амбасадорката кажала дека компанијата „Бехтел и Енка“ работи добро, а не Владата.

Како што истакна пратеничката од СДСМ Жаклина Лазаревска, со измените и дополнувањата на законот за урбанистичко планирање ќе да се овозможи забрзана реализација на градби од стратешки карактер како што се државни патишта, железници, пруги, магистрално гасоводи.

Договорот што е склучен со „Бехтел и Енка“ е според правилата на Фидик. Според правилата, кога компаниите почнуваат со работа, вршиме авансно плаќање за мобилизирање на компанијата што ќе врш

-Знам дека сакате да вулгаризирате и да кажувате дека станува збор за коруптивна зделка, меѓутоа после она што во интервјуто за МИА го даде американската амбасадорка Анџела Агелер верував дека вие ќе се откажете од вашите дискусии. А таа вели вака „Уверена е дека процесот во кој е инволвиран Бехтел и Енка е целосно транспарентен и законски, бидејќи тоа е начинот на кој функционира оваа компанија, во спротивно не би имала проекти насекаде во светот и некои региони од Западен Балкан“ и ви вели „Сметам дека е мошне разочарувачки тоа што во опозицијата критизираат без сите факти или критизираат нешто за што немаат информација. тоа го прават едноставно само за да бидат против Владата и да собираат ситни поени“, рече Лазаревска.

-Околу изјавата на почитуваната амбасадорка – сите сме за транспарентност, затоа да се издејствува да го видиме Договорот и да падне целата прашина. И да ве потсетам амбасадорката кажа борба против корупцијата, борбата против високиот криминал во државата. Тоа го кажа амбасадорката, реплицираше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Здравко Трајанов.

Љупчо Балковски од ВМРО-Народна партија истакна дека со урбанистички проект се постигнува започнување на побрзо градење, меѓутоа, како што рече, после ќе ги имаме проблемите во делот на застојот на градењето, во делот на решавањето на работите на лице место, односно во градежништвото се викаат непредвидени работи и тогаш настануваат најголемите проблеми кои што ќе ги има Министерството за транспорт и врски и ЈП за државни патишта.

-Тие ќе мораат да се решат на лице место. Ќе стои механизацијата, а автоматски поскапува и градбата, рече Балковски.

Сите институции застануваме во заштита на охридското крајбрежје на УНЕСКО и ги преземаме сите ингеренции што ги имаме во однос на тоа да го поправиме впечатокот, порача денеска министерот за

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вчера повторно ги повика пратениците да застанат за предложените измени на законот за урбанистичко планирање бидејќи со нив ќе се овозможи забрзана реализација на градби од стратешки интерес за изградба на државни патишта, железнички пруги, магистрални гасоводи како и други градби од јавен интерес.

Бочварски соопшти дека се уште не е исплатен вториот дел од авансот за „Бехтел и Енка“ и најави транспарентност за исплатата што ќе биде извршена кон Јавното претпријатие за државни патишта и потоа кон компанијата.

– „Бехтел и Енка“ започна со дел механички истраги, коишто се исклучително потребни и од значење за проектирањето. Без тие истраги, ќе имаме лош проект, којшто ќе се рефлектира лошо при изградбата на автопатските делници. Таа механизација ќе работи колку што е доволно, за да ги направи сите потребни истраги за да имаме добар квалитетен изработен проект. Согласно динамиката, веднаш потоа се започнува со проектирање. Таму каде што имаме државно земјиште, ќе се започне веднаш со работа после одобрувањето на проектот. Сите проекти ќе ги одобрува ЈПДП и ќе биде целиот процес под контролата на државата, изјави Бочварски.

Порака да се реализира Договорот вчера повторно упати премиерот Димитар Ковачевски, нагласувајќи дека на граѓаните не им требаат блокади, туку автопатишта, коридори и реформи.

На новинарско прашање дали е одговорено на писмото од ЕУ во однос на употребата на европското знаменце на законите поврзани со изградбата на коридорите, Ковачевски рече дека вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и Секретаријатот за европски прашања се во постојан контакт со службите во ЕУ.

-Европското знаменце на законите поврзани со изградбата на коридорите, а со цел побрзо и поефикасно проектирање и градење на коридорите 8 и 10д е бидејќи Коридорот 8 е веќе ставен на мапата на трансевропски коридори и затоа што има неоснована блокада од страна на Левица, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ со цел коридорите да не се градат, рече Ковачевски, дополнувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ и Левица блокираат закони што се однесуваат на реформи во државата и на европскиот пат на земјата.

Од предложени измени на пет закони со европско знаменце, во матичната Комисија за европски прашања е исцрпена расправата за предлог измените на законите за работни односи, за урбанистичко планирање и за градење.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK