Шефот на Формула 1, Стефано Доменикали ја коментираше одлуката за откажување на трката за Големата награда на Емилија Ромања.
Етапата во Имола беше одлучено да биде откажана поради тешката ситуација во регионот и поплавата што настана поради обилните дождови.
– Вистинска трагедија е да се види што се случи со Имола и Емилија Ромања, градот и регионот во кој и јас пораснав. И сега моите мисли се со луѓето, семејствата, заедниците кои беа погодени од оваа поплава. Сакам да изразам благодарност и восхит до спасувачите кои неуморно работат за да им помогнат на оние на кои им е голема потреба од оваа помош и да ја ублажат ситуацијата. Овие луѓе се вистински херои, цела Италија се гордее со нив. Одлуката за откажување на Гран При е правилна за сите локални жители и семејството на Формула 1 бидејќи имаме обврска да обезбедиме безбедност и да не создаваме дополнителен притисок врз локалните власти додека тие се справуваат со оваа страшна ситуација, изјави Доменикали.
Трката на патеката „Имола“ требаше да се вози на 21 мај.