Во Центарот за современи уметности во паркот Франкофонија во Скопје денеска ќе биде отворена изложбата „Во Цут“ на дизајнерот Горан Костовски. Изложбата се состои од платна, слики и графики цртани изминативе две години.
-Изложбата има за цел да ја претстави пролетта и самото будење на природата. Авторот се поистоветува со будењето на природата како фаза за себе будење низ процесот на депресија и тага и надежта за подобар свет и грижа на планетата земја. Менталното здравје е во фокус на изложбата и има за цел презентирање на нови визии идеи за грижата на луѓето за животната средина и колективната грижа. Цветовите кои што се дел од делата симболизираат љубов, надеж, грижа кон себе и природата, тага, живот, радост, соопштија организаторите.
Изложбата ќе биде отворена до 26 овој месец. Поддржана е од Центарот за современи уметности Скопје, Министерството за култура и Општина Центар.