Албанската опозиција не ги признава резултатите од локалните избори

alb lokalni izbori
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Албанската здружена опозиција нема да ги признае изборните резултати од неделните локални избори и тврди дека има силни докази  да оспори пред домашните и меѓународни институции.







Ставот го изнесоа лидерот на Партијата на слободата и поранешен шеф на државата, Илир Мета која ја предводеше изборната коалиција” Заедно победуваме” во која беше и крилото на Демократската партија предводено од екс претседателот и поранешен премиер Сали Бериша и уште три помали партии.

-Мора да ви биде јасно дека нема предавање и капитулација пред државната мафија, пред наркодржавата и сите нејзини соработници каде и да се, рече Мета по едночасовна  средба во седиштето на Демократската партија

Додаде дека коалицијата „Заедно победуваме“ ги собира фактите за легално оспорување на изборите од14 мај.

Секоја минута доаѓаат нови шокантни факти и се  документира како мафијата под команда на Рама го уништи изборниот процес. Ова уништување, отуѓување на гласот се документира и ќе започне процесот на правно оспорување и ескалација на опозициските акции, во име на заштита на слободниот глас. Гарантирам дека магарињата што ги избра Рама повеќе нема да крадат, рече Мета.

И  Бериша обвини за манипулација со пребројувањето на гласовите и поткуп на гладачи.

– Голем дел од оние кои победија на локалните избори во земјата, се поврзани или се носители на криминални активности и со стекнатите пари од нелегални активности за еден глас давале од 50 до 100 евра. Само во околијата Скадар за купување гласови дадени се милиони евра, обвини Бериша.

На прашањето дали ќе се повлече од политичката сцена рече дека не размислува за повлекување  “пред криминалот кој длабоко е навлезен и во политиката”.

– Сум рекол и доследно ќе се држам до мојата заклетва дека ќе ја напуштам политиката само доколку загубам на слободни и транспарентни избори, порача Бериша, најавувајќи и продолжување на протестите до уривање на “криминалната влада на Рама”.

Централната изборна комисија синоќа објави дека од вкупно 61 општина во 53 за градоначалници се избрани кандидати на СП, меѓу кои и Скадар и Тропоја, познат како бастион на демократите, каде победувале демократите во последните три децении.

Од вкупниот број  седум градоначалници се кандидати на  коалицијата “Заедно победуваме” и само во општина Финиќ победи кандидатот на партијата на Грците, МЕГА.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK