Шакира објави нова песна, звезди на видеоспотот се нејзините синови

shakira
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шакира објави нова песна наречена „Acróstico”. Ѕвезди на видеоспотот се нејзините синови Саша (8) и Милан (10), кои пеат со својата мајка и свират на клавир, бидејќи таа, всушност, им посвети песна и спот којшто вклучува низа снимки од кога биле бебиња.

„Милан оваа година напиша песни кои ме доведоа до работ на емоциите, а Саша минуваше часови на клавирот. И двајцата беа со мене во студио и откако ја слушнаа оваа песна, првично посветена на нив, ме замолија да бидам дел од неа. Милан и Саша, многу е убаво да гледам како ги ширите крилјата и почнувате да ги остварувате вашите соништа. Ништо не ме исполнува повеќе од тоа да бидам ваша мајка“, откри колумбиска ѕвезда на Инстаграм.


Обожавателите на Шакира, пак, повторно почнаа да го напаѓаат нејзиниот поранешен сопруг Жерар Пике и да ѝ испраќаат поддршка на пејачката.

Инаку, Пике неодамна беше снимен на аеродромот во Мајами, САД, каде што пристигна да ги посети своите синови, кои претходно се преселија таму со нивната мајка. Многумина забележаа дека поранешниот фудбалер на Барселона изгледа „запуштен“ и накачил неколку килограми.

Да потсетиме, Шакира привлече големо медиумско внимание и со хитот „BZRP Music Sessions #53“, во којшто говори за неверствата на поранешниот сопруг. Таа јавно ја прозва и неговата љубовница Клара Чија Марта и слободно проговори за своите чувства.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK