Хил: Решавањето технички проблеми не е за оние кои сакаат брзи решенија, на крајот ќе ја имаме ЗСО

hil
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Српскиот претседател Александар Вучиќ и американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил денес официјално го означија првиот лет на авиокомпанијата Ер Србија од Белград за Чикаго, а пред тоа Хил изјави дека решавањето на технички проблеми во политиката не е за оние кои сакаат брзи решенија, наведувајќи дека Србите на северно Косово мораат да имаат решено прашање за ЗСО, јави дописникот на МИА од Белград.

Говорејќи за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Хил во интервјуто за Нова С, го оцени како многу тежок процес и дека двете страни сфаќаат дека ситуацијата е многу тешка, и посочи да е потребно да се формира ЗСО.


-Постои свест кај американските креатори на политиката, да кај Србите во Северна Митровица и на Косово, во реалност мораат да имаат решено прашање преку Заедницата на српски општина, изјави Хил.

Тој истакна дека со ова прашање, покрај Европа се занимаваат и САД и дека според тоа, крајната цел е ЗСО.

-Иако нема да има напредок на секој состанок, на крајот ќе имаме Заедница на српски општини, оцени Хил.

Тој се сложи со ставот на шефот на европската дипломатија, Жозеф Борел, во негативната оценка за неодамна одржаните избори на северно Косово, одржани со бојкот на косовските Срби.

-Јас не верувам дека тие избори можат долгорочно да имаат позитивно влијание во мнозинските српски општини и битно ми е да го пребродиме тоа и да се фокусираме да дојдеме до ЗСО со српско мнозинство, изјави тој.

Тој наведе дека „кога имате технички прашања во политиката, тоа не е за оние кои сакаат брзи решенија, за нив е потребно време, особено кога разликите се длабоки, и време е луѓето да почнат подобро да се слушаат меѓу себе, за да пронајдат некое решение.“

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK