Финансиска помош од 130 милиони долари за Украина од Јужна Кореја

juzna-koreja
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јужна Кореја потпиша договор со Украина, кој предвидува 130 милиони долари финансиска помош за Киев.

Јужнокорејската помош уследи еден ден откако првата дама на Украина, Олена Зеленска побара воена помош за време на нејзината посета на Јужна Кореја.


Министерството за финансии на Јужна Кореја соопшти дека министерот Чу Кјо-хо и украинската министерка за економија Јулија Свириденко, во Сеул го потпишаа договорот, што се состои од грантови за помош и заеми.

Јужна Кореја, главен производител на артилериски гранати, соопшти дека нема да и обезбеди смртоносно оружје на Украина, повикувајќи се на нејзиниот однос со Русија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK