Нант го казни фудбалерот кој одби да носи дрес во боите на виножито

fc nantes
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Францускиот фудбалски прволигаш Нант го казни египетскиот напаѓач Мостафа Мохамед (25), откако одби во неделата да носи дрес во боите на виножито за време на првенствениот натпревар против Тулуз.

Играчите во француската фудбалска Лига 1 и Лига 2 изминатиот викенд беа замолени на своите дресови да носат бројки во боите на виножито пред Меѓународниот ден на борба против хомофобија, трансфобија и бифобија.


Капитенските ленти, исто така, беа во боите на виножито.

Меѓутоа, напаѓачот на Нант, како и неколку други фудбалери на Тулуз, одбија да учествуваат во кампањата.

„Нант, пред сè, сака да потсети на својата посветеност на борбата против хомофобијата. Клубот секоја сезона активно учествува во кампањата ја организира Професионалната фудбалска лига. Оваа година, сите дресови на играчите имаа бројки во боите на виножито“, соопшти францускиот клуб, додавајќи дека Мохамед е парично казнет, а средства ќе бидат донирани на невладина организација за борба против хомофобијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK