Конференција посветена на македонската современа сликовница на 25 мај во рамки на „Литера 2023“

slikovnica
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Македонската современа сликовница ќе биде во фокусот на конференцијата што Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера 2023“ ќе ја организира на 25-ти мај во Музејот на град Скопје.

Како што е најавено, конференцијата ќе биде составена од два панела, и е дел од програмата на петтото издание на фестивалот, што годинава се одржува под мотото „Свет со љубов“.


-Каде е позиционирана македонската современа сликовница денес? Кои се најголемите предизвици на илустраторите, кои на писателите, кои пак на издавачите? Ова се само дел од прашањата што ќе бидат начнати на конференцијата на која ќе дебатираат истакнати илустратори, професори, писатели, издавачи. Првиот панел е насловен „Од точка до илустрација“ и фокусот ќе биде ставен на тоа какви визуелни приказни раскажуваме денес, соопштија организаторите.

Како што посочуваат, вториот панел „Од буква до приказна“ ќе биде посветен на текстот во сликовниците, а учесниците ќе се осврнат на тоа како се создава приказна, како се пакува во финален продукт, кои се најголемите предизвици за издавачите. Најавено е учество на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, писателката Бистра Георгиева, Ника Гавровска, авторка и издавач „Гаврош“, Бојан Саздов од Издавачката куќа ТРИ и претседател на Македонската асоцијација на издавачи.

Главен поддржувач на фестивалот е Министерството за култура, а фестивалот го поддржуваат Халкбанк, Органик нар, Скопска пивара, Ефектива, Умно.мк.

Фестивалот „Литера“ годинава ќе се реализира од 23 до 27 мај во Музејот на град Скопје. Во програмата, меѓудругото, предвидени се изложби, работилници, предавања.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK