Купила стара јакна, а внатре – дневник на една несреќна љубов

ljubov
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тиктокерката Маја Зомер сподели лична приказна за необично откритие во кожна јакна купена во продавница за стари, користени, но добро сочувани производи. (Погледни видео)

– Сè уште не можам да верувам што имам во моите раце. Оваа кожна јакна ја најдов во продавница за употребени работи. Совршено ми одговараше, па ја купив и си ја однесов дома, вели таа.


Дома ја прегледала јакната и џебовите биле полни со дребнулии, меѓу кои и мал, стар бележник – дневник на една несреќна љубов.

– На првата страница од овој мал дневник пишуваше: „Четврток, 11 ноември 1971 година“… Мојот сон е да ја знам историјата зад облеката. Тоа е како временска капсула од 1971 година и со секакви потресни записи во дневников од претходниот сопственик, продолжи наоѓачката.

„Помина една недела, а Дајан не ми се јавила, ниту ми прати СМС“, вели непознатиот маж, а во следниот запис вели: „Денеска ќе беше нашата деветта годишнина и 10 години заедно. Сам се опијанив“.

Маја во претходните записи открива и подробности од последните заеднички денови на двојката.

„Дајан и јас водевме љубов утрово. Ја однесов на појадок, а потоа на работа. Не знаев дека тоа ќе биде последниот пат што ќе ја видам“, пишува несреќното момче.

Во еден џеб Маја пронашла и три сребрени долари од 1921 година, а во другите – шише канадско виски од 1966 година, календар со пораки и други лични работи.

„Се надевам дека никогаш нема да ја завршам оваа книга. Можеби Дајан ќе се врати пред да ја завршам“, вели момчето во еден од дневничките записи.

Видеото е прегледано 4,6 милиони пати.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK