Легендарната група „Леб и сол“ ќе ја отвори реновираната летна тераса на Дом на млади-Штип. Директорот на Дом на млади, Видан Лазарев вели со концерт на 20 мај по десетина години повторно ќе се врати на штипската музичка сцена и ќе се претстават пред штипската публика. Тој се надева на успешен концерт и е задоволен што сезоната на реновираната летна тераса ќе почне со култниот бенд.
-Легендарната група „Леб и сол“ ќе настапи на 20 мај со концерт во Дом на млади – Штип. Ова е еден јубилеј, бидејќи тие првично ја имаат отворено летната тераса во 1990 година, кога е направен легендарниот чадор. „Леб и сол“ ќе ги свират своите најпопуларни теми, вели Лазарев.
Забележува дека ова е само еден од низата настани на летната тераса, потоа ќе следува Фестивалот „А до Штип“, а понатаму и настани во рамки на Штипско културно лето.