На денешен ден

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

1571.- Татарските освојувачи ја запалиле Москва.

1767.- Џенова на Франција и го продала островот Корзика.


1773.- Роден е австрискиот канцелар кнез Метерних. Клеменс Венцел Напомук Лотар фон Метерних-Винебург како министер за надворешни работи и канцелар четири децении ги кроел надворешната и внатрешната политика на Австрија, а посредно и судбината на Европа.

1848.- Париските работници незадоволни од политиката на буржоарската влада по прогласувањето на Француската република упаднале во собраниската зграда, го распуштиле уставотворното собрание и избрале револуционерна влада. Со помош на војската граѓанските власти успеале да го задушат востанието и да ги уапсат водачите.

1859.- Во Париз е роден Пјер Кири, француски физичар и хемичар, кој го открил пиезо-електрицитетот на кристалот, а со својата сопруга Марија Склодовска – Кири ги открил радиоактивните елементи – полониумот и радиумот. Умрел во 1906 година.

1886.- Умрела американската писателка Емили Дикинсон која додека живеела била потполно анонимна, бидејќи до смртта објавила само пет песни. Нејзините повеќе од илјада песни, се откриени по нејзината смрт, и постхумно се објавени во шест томови.

1891.- Роден е рускиот писател Михаил Булгаков, по професија лекар. Дела: „Мајсторот и Маргарита“, „Белешки на младиот лекар“, „Кобни јајца“, „Животот на господинот де Молиер“, „Театарски роман“ (недовршен), „Бегство“, „Адам и Ева“, „Блаженство“, „Иван Васиљевич“, „Последните денови“…

1909.- Роден е англискиот филмски и театарски актер Џемјс Мејсн. Филмови: „Бегалец“, „Човекот во сиво“, „Ѕвездата е родена“, „Јулиј Цезар“, „Лолита“, „Север северозапад“, „Лордот Џим“, „Галеб“, „Убиство по нарачка“.

1911.- Роден е швајцарскиот писател Макс Фриш, либерален интелектуалец, скептик кој ги анализирал духовните традиции и противречности на современиот свет. Дела: романите „Штилер“, „Хомо фабер“, „Нека името ми биде Гантенбајн“, драмите „Кинески ѕид“, „Грофот Едерланд“, „Дон Хуан или Љубов според геометрија“, „Андора“, „Биографија“, „Дневници 1946-1949“, „Дневници 1966-1971“.

1942.- Роден е Ристо Ѓ. Јачев, македонски поет, романописец, театарски критичар, артист, новинар, уредник, критичар и преведувач. Како исклучително плоден писател Ристо Ѓ. Јачев е повеќе од педесет години живо присутен во современата македонска литература со поетски, прозни и драмски остварувања. Меѓу неговите најпознати поетски дела се: „Кавал и магија”, „Димна гора”, „Ангел над Христовиот гроб”, „Смртни песни”, „Студен мрак”, „Помнам“, како и романите „Кукла”, „Јаков”, „Патот на ангелите”, „Алексеј”. Добитник е на значајни книжевни награди, меѓу кои „Стале Попов” , „Златно перо”, „Нарциса”, „Григор Прличев” и „Ацо Шопов“.

1943.- Во Москва, на иницијатива на Ј.В. Сталин била донесена одлука за распуштање на Комунистичката интернационала (Коминтерна), со што формално било признато правото на самостојно решавање на секоја комунистичка партија.

1945.- (СФР)Југославија дефинитивно се ослободила од окупаторот. Земјата за време на четиригодишната војна била ограбена и опустошена, а според официјалните податоци загинале 1.706.000 луѓе.

1948.- Новосоздадената држава Израел ја нападнале египетски авиони, а на север и исток либански и јордански трупи.

1955.- Во Виена бил потпишан Австрискиот државен договор со кој Советскиот Сојуз, САД, Велика Британија и Франција ја обновиле независноста на Австрија во границите од 1 јануари 1938 година, со што завршила десетгодишната сојузничка окупација на таа земја која во Втората светска војна била дел од Третиот рајх и чие население во огромно мнозинство го поддржувало нацизмот и присоединувањето кон Германија. Договорот содржел низа заштитни одредби за националните малцинства во Австрија, на кои Виена не секогаш доследно се придржувала, а обврската за „вечна неутралност на Австрија“ се покажала како релативна.

1957.- Велика Британија ја извршила првата термонуклеарна проба во централен Пацифик.

1963.- Од Кејп Канаверал, во САД, бил лансиран вештачкиот сателит „Фејт – 7“ со кој космонаутот Гордан Купер ја обиколил Земјата 22 пати. Купер бил четвртиот американски, а осмиот светски космонаут кој извршил орбитален лет околу Земјата.

1978.- Умрел австралискиот државник Роберт Гордон Мензис, премиер на Австралија со најдолг стаж, шеф на владата како лидер на Обединетата австралиска партија од 1939 до 1941 година, а потоа и како водач на Либералната партија од 1949 до 1966 година. Значително придонесол за јакнење на американското влијание во Австралија и ја вовлекол земјата во Виетнамската војна на американска страна.

1987.- Умрела американската филмска актерка Рита Хејворт, холивудски секс симбол во четириесеттите години на 20. век. Филмови: „Само ангелите имаат крилја“, „Ѓилда“, „Дамата под сомнение“, „Никогаш нема да се збогатиш“, „Дамата од Шангај“, „Одвоени маси“.

1991.- Претседателот Франсоа Митеран соопштил дека по оставката на премиерот Мишел Рокар мандатот за состав на владата и го доверил на Едит Кресон, која следниот ден како прва жена во историјата на Франција ја презела должноста премиер.

1992.- Илјадници приврзаници на опозицијата во Азербејџан во Баку ги зазеле зградата на Собранието и претседателската палата, а еден ден подоцна од власта бил тргнат претседателот Ајаз Муталибов, кој потоа избегал во Москва.

1992.- Во Перт, Австралија, отворен бил првиот Македонски информативен центар надвор од границите на Република Македонија.

1995.- Кај селото Богомила, Велешко, била предадена во употреба првата електроцентрала на реката Бабуна.

1996.- Десничарскиот лидер Атал Бихари Ваџпај станал првиот Хинду националистички премиер на Индија, затоа што неговата Џаната партија на парламентарните избори освоила релативно мнозинство.

2006.- САД ги обновиле целосно дипломатските односи со Либија.

2007.- Повеќе од 60 талибански бунтовници биле убиени во воздушните судири на авганистанските и коалиционите сили со две бази на бунтовниците во Кандахар, провинција на југот во Авганистан. Во нападот загинале регионалните команданти мула Абду Хаким, мула Абдула Манан и мула Зариф.

2007.- Најмалку 24 луѓе загинале, а 30 биле повредени во експлозија на бомба во хотел во пакистанскиот град Пешавар. Бомбата експлодира на рецепцијата во четирикатниот хотел „Мерхаба“, кој се наоѓа во стариот дел од градот, во близина на џамијата Масџид Мохабат Кан.

2007.- Најмалку 45 луѓе загинале, а 60 биле повредени кога камион-бомба полн со хлор експлодирал близу пазарот во шиитското село Абу Сејдах, во ирачката провинција Дијала, североисточно од Багдад.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK