Најголемиот ривал на Ердоган на денешните претседателски избори во Турција Кемал Киличдароглу на Твитер напиша дека води на изборите.
– Ние сме напред, напиша Киличдароглу.
Главната турска опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) претходно соопшти дека прелиминарните резултати се позитивни и оти кога процентот на преброените гласови ќе биде е поголем, ќе има добри резултати.
– Според податоците што ги добивме досега, резултатот го гледаме како многу позитивен, изјави Фаик Озтрак, портпарол на ЦХП.
Според агенцијата Анадолија, досега се обработени 51,03 од избирачките места и Ердоган води со 52,03 наспроти Киличдароглу кој има 42,11 отсто од гласовите.