Еурофарм Пелистер поденесе жалба за судењео во финалето на купот

eurofarm pelister
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Еурофарм Пелистер поднесе жалба до Ракометната федерација на Македонија (РФМ) за судењето на мечот против Вардар 1961 кој се одигра вчеравечер во Охрид во финалето од Купот на Македонија.

– Жалбата е поднесена поради една од последните одлуки на судиската двојка Николовски – Металари. Вардар имаше еден гол предност, а во последниот напад на вардарци, Филип Талески имаше шут, кој, според пелистерци, е направен по одлука за пасивен напад на арбитрите со намера да се потроши време, објавија битолчани.


Еурофарм Пелистер се повикува на правилото број осум на ИХФ, според кое направена е материјална штета и прекршени се новите правила според кои секој потег кој во последните триесет секунди од мечот кој на каков било начин задржува или троши време автоматски значи седмерец и црвен картон за противникот.

Натпреварот го доби Вардар со 26:25 и по 16.пат го освои трофејот во Купот на Македонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK