Ердоган: Сите да гласаат за да ја покажат силата на турската демократија

erdogan_glasanje_3523432
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска посака „успешна иднина“ на земјата и нејзината демократија по гласањето на изборите во Истанбул.

– Важно е сите гласачи да гласаат без проблеми до 17.00 часот за да се покаже силата на турската демократија, додаде тој.


Ердоган денеска се соочува со најнеизвесните избори откако дојде на власт, со обединета опозиција за прв пат по 20 години во земјата зафатена со економска криза, пренесе Бета.

За денешните претседателски и парламентарни избори во Турција регистрирани се 64 милиони гласачи, од кои 3,4 милиони во странство.

Анкетите предвидуваат тесна трка меѓу Ердоган и Кемал Киличдароглу, а доколку ниту еден од кандидатите не добие повеќе од 50 отсто од гласовите, на 28 мај ќе се организира втор круг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK