ФЕРОИНВЕСТ и ЦЕНТРАЛИНВЕСТ со 113 милиони евра приход во 2022 година

Fero Invest Results 2022 PNG
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

113 милиони евра приход во 2022 година остварија компаниите во сопственост на Кочо Анѓушев коишто се во групацијата Фероинвест/Централинвест, во која припаѓаат и фирмите БРАКО и РЕС.

Наведениот приход претставува раст од дури 135% споредено со 2021 година.


Растот на компаниите се должи, пред се, на зголемена продажба на електрични и хидрогенски возила за чистење, зголемениот број на изградени сопствени електрани од обновливи извори (фотонапонски и биогас), изградба на електрани за други инвеститори, како и на снабдувањето со електрична енергија на македонското стопанство.

И покрај отежнатите услови за работа и економската криза,  групацијата во 2022 година отвори 42 нови работни места и вложи 28 милиони евра во инвестиции.

Покрај во изградба на електрани, инвестиции беа направени и во проширување на фабриките и модернизирање на технологијата во склоп на БРАКО, каде се произведуваат возила, медицинска опрема, жичени производи и метални конструкции.

Холдингот лани го зголеми и бројот на држави каде што извезува и во моментот ги продава своите производи во 60 земји низ светот, успешно натпреварувајќи се со конкуренција од најпознатите светски брендови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK