Сирените за воздушен напад се огласија во областите во близина на Ерусалим за првпат откако оваа недела се интензивираа борбите меѓу Израел и палестинските групи во Појасот Газа.
Израелската радио и телевизија соопшти дека биле истрелани ракети врз градот Беит Шемеш и ридските области околу Ерусалим.
Набргу откако се вклучија сирените, сигнализирајќи го крајот на 12-часовното затишје, израелската војска соопшти дека ги продолжува нападите врз цели во Појасот Газа кои припаѓаат на палестинското движење Исламски џихад. с