Франција: Владата би можела да воведе повисоки даноци за прехранбената индустрија, профитот се остварува на грбот на граѓаните

namirnici
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Француската Влада би можела да употреби даночни мерки за да го намали профитот на прехранбената индустрија доколку не прифати преговори за високите цени, изјави министерот за финансии Бруно Ле Мер.

Растот на цените на храната во Франција достигна рекордни 15 проценти во последните месеци и покрај поевтинувањето на суровините, поради што владата негодува.


„Прехранбената индустрија жнее големи профити и мора повторно да преговара со трговците на мало и да понуди пониски цени“, им рече Ле Мер на новинарите пред состанокот со претставниците на големите трговски синџири.

Доколку, како што предупреди, прехранбената индустрија не се врати на преговорите, ќе ги искористат сите мерки што им стојат на располагање, вклучително и даноците, за да им го одземат профитот, неправедно стекнат на грбот на граѓаните.

Цените на храната во Франција нагло пораснаа по редовните годишни преговори во март кога компаниите за храна и трговците на мало се договорија за просечно зголемување на цената од десет отсто за покривање на повисоките трошоци за производство.

Со оглед на тоа што високите цени на храната ја поттикнуваат вкупната инфлација, Ле Мер постојано повикува на повторно отворање на преговорите, за да можат и потрошувачите да го почувствуваат глобалниот пад на цените на суровините.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK