МВР информира дека во текот на вчерашниот ден, во периодот од 09.00 до 14.00 часот, во спроведена засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците, биле санкционирани 157 пешаци.
– Од 157 пешаци, 140 се санкционирани за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин. За време на контролата санкционирани се и 122 други видови на прекршоци, известуваат од МВР.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, апелираат од полицијата.