Саем за образование и кариера во Охрид

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Саем за образование и кариера денеска од 12 до 14 часот ќе се одржи во Охрид, во организација на општинскиот Младински центар.

На настанот што ќе се одржува во простории на поранешната касарна ќе присуствуваат претставници од средните училишта од Општина Охрид и две средни училишта од Општина Струга со промотивни материјали, каде ќе ги презентираат нивните програми и можности за учење пред полуматурантите.


На саемот ќе земат учество и Факултетот за туризам и угостителство, Универзитетот за информатички технологии и наука „Апостол Павле“ и дел од факултетите членки на УКИМ. Истите ќе ги презентираат своите програми пред матурантите од Општина Охрид.

Целта на саемот е да се запознаат полуматураните и матураните од Општина Охрид за можностите за идно дообразување.

Заинтересираните ученици ќе можат на саемот да добијат и совети и насоки за нивната кариера од лиценцирани едукатори и советници.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK