Собраниската Комисија за европски прашања и во попладневниот дел од работата по дневниот ред на денешната седница ја продолжи расправата по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи, по скратена постапка. Расправата ќе продолжи утре.
Во текот на попладневната расправа говореа пратеници од опозицијата кои ги прашуваа нивните колеги од владејачките партии како ќе гласаат измени на закони за проект за кој воопшто не виделе што се е предвидено во договорот што го потпиша Владата. Ги обвинија дека ќе им наметнат на работниците да работат по 72 часа неделно на отворено наместо по 40 часа како што е вообичаено. Во измените на законот, како што кажаа, нема ништо европско и затоа нема потреба да се разгледува во процедура со европско знаменце.
Во реплика пратеникот Мартин Костовски од СДСМ рече дека воопшто нема да има зголемување на работното време и дека на работниците ќе им се плаќаат дополнителните работни часови за прекувремена работа.
Седницата на Комисијата ќе продолжи утре во 12 часот.