Уставните измени и скринингот во фокусот на средбата Лога-Дрекслер

SREDBAA
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Уставните измени, скринингот, евроинтегративните процеси и актуелните состојби во правосудството беа во фокусот на средбата на министерот за правда, Кренар Лога, со новата амбасадорка на Германија, Петра Дрекслер.

Како што информираат од Министерството за правда, Министерот Лога на средбата истакнал дека работната група за подготвување на предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот интензивно работи и очекува во најскоро време да се излезе со конкретно решение.


– Амбасадорката Дрекслер посочи дека ова е значаен чекор за нашата држава која заслужува да биде дел од Европската Унија. Покрај промените на Уставот, областа на правосудството е од одлучувачко значење на овој пат, велат од Министерството за правда.

Дополнуваат дека се разговарало и за состојбите во Судскиот совет, законодавната агенда во Собранието, како и активностите на Министерството за правда во подготовката на Стратегијата за реформи во правосудството 2023-2027, Кривичниот и Граѓанскиот законик, законите за помилување, за извршување на санкции, за донации и спонзорства, како и за измените на Законот за матична евиденција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK