Соработката на институциите, стопанскиот и образовниот сектор се клучни за зголемување на продуктивноста во земјава и активирање на пазарот на трудот. Клучно место заземаат проактивното лидерство и вклучувањето на заедницата. Ова беше нагласено на денешната работилница „Проактивното лидерство и вмрежувањето на заедницата“, што се одржа на економскиот факултет во Прилеп, а ја отвори министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Глигор Бишев, претседател на Советот за образование и економски истражувања при Стопанската комора на Македонија нагласува дека новите текови бараат макроеконоските лидери перманентно да бидат во комуникација со заедницата, бидејќи секоја економска одлука влијае на одредени групи граѓани и економски субјекти и компании кои имаат различни инстереси. Според него, вмрежувањето на заедницата, соработката на институциите се многу битни за решавање на проблемот со недостиг од работна рака и воопшто, за економски развој.
– Со Комората, со синдикатот, со академската јавност да се изнаоѓаат решенија и да ги модернизират економските субјекти. Од тој аспект, малите земји, како Македонија, имаат предност бидејќи побрзо се комуницира, побрзо се гради заеднички став. Образовната политика е дел од економските политики. Битни се: детектирање каков кадар е потребен и како да се обезбеди, компаниите да се поддржат, да ја зголемат својата продуктивност, да понудат подобри услови за вработување, и сето заедно, и компаниите и земјата да направат државата да биде атрактивна за на генерациите млади што одат на работа во странство да им се отвори обратен процес и да се враќаат во земјава, изјави Бишев.
Прилеп работилница „Проактивното лидерство и вмрежувањето на заедницата“
Зголемувањето на продуктивноста на трудот, на животниот стандард се можни при соработката на релација држава, работодавец, работник.
-За преквалификацијата, за активирањето на пазарот на трудот треба сите заедно да соработуваат, државата да вложува, невладиниот сектор, компаниите со обука и тренинг. Мојот став е дека преструктуирањето треба да се направи целосно и од страна на работниците, на работодавците и на државата. Само сите трите елементи да бидат заедно вклучени каде ќе разговараме за сите проблеми со кои се соочуваме и за сите недостатоци кои треба да ги надминеме. Само така ќе направиме чекор напред за да се зголемат продуктивноста и животниот стандард. Тоа е начинот на кој треба да се фокусираме, изјави Јакимоска.