Во Шведска покренато обвинение против едно лице поради објавување доверливи информации за одбраната

sud-sudenje
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Обвинителот на Шведска, Ларс Хендвал денеска изјави дека е обвинет 50-годишен маж поради незаконско распространување на класифицирани информации за голем број одбранбени објекти во земјата.

Ова е грубо прекршување, бидејќи информациите се однесуваат на прашања од големо значење за одбраната на земјата. Секое откривање информации на странска сила може сериозно да ја оштети одбраната на скандинавската земја и да ја намали нејзината способност да се брани во случај на војна, истакна Хендвал.


Идентитетот на обвинетиот не е соопштен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK