Пакистанската полиција се пресмета со приврзаниците на поранешниот пакистански премиер Кан, стотици уапсени

pakistan-policija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пакистанската полиција се пресмета со поддржувачите на поранешниот премиер Имран Кан, чие апсење минатата недела предизвика голем број демонстранти да излезат на улиците низ земјата, кои бараат негово ослободување и враќање на власт. Полицијата уапси стотици демонстранти за време на ноќните рации и распореди војска на места низ земјата за Пакистанската полиција се пресмета со поддржувачите на поранешниот премиер Имран Кан, чие апсење минатата недела предизвика голем број демонстранти да излезат на улиците низ земјата, кои бараат негово ослободување и враќање на власт. Полицијата уапси стотици демонстранти за време на ноќните рации и распореди војска на места низ земјата за да го ограничи бранот насилство.

Апсењето на премиерот, кој беше сменет кога му бее изгласана недоверба во април 2022 година, предизвика насилни демонстрации на неговите приврзаници во речиси сите поголеми градови во земјата.


Кан вчера се појави во судот на сослушување на кое од судијата беше побарано да го одобри неговото задржување во притвор до 14 дена.

Тој се соочуваше со обвиненија за повеќе случаи на корупција пред судот во главниот град Исламабад.

Од апсењето на Кан во вторникот, најмалку осум лица се убиени, а десетици се повредени во судирите меѓу неговите приврзаници и полицијата.

Демонстрантите ја запалија резиденцијата на висок армиски генерал во источниот град Лахоре. Други блокираа патишта и запалија автомобили, полициски станици и воени објекти.

Училиштата и факултетите остануваат затворени во областите со мнозинство поддржувачи на Кан. Полицијата вчера соопшти дека досега се уапсени над 2.000 демонстранти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK