Панова: СДСМ и ДУИ продолжуваат со својата агенда за целосна партизација на судството

panova
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Стручните соработници сега ќе го креваат рејтингот и на Советот на јавни обвинители.

СДСМ и ДУИ продолжуваат со својата агенда за целосна партизација на судството во Македонија.


Не поминува ден, а да нема скандал поврзан со судството и судскиот систем во државата.

Денес во Собранието на Република Македонија, на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на дневен ред се точките каде се разгледуваат кандидатите за членови на Советот на јавни обвинители.

Секретар, разрешен бивши јавен обвинител и повторно стручен соработник, се тројцата истакнати правници на власта од кои двајца ќе се вдомат во Советот на јавни обвинители.

Имено, биографиите на кандидатите за членови на Советот на јавни обвинители, јасно укажуваат дека власта и во ова судско тело, има намера да пушти свои канџи.

Според биографијата на стручниот соработник може да се види дека постојат основани сомнежи дека овој кандидат е партиски послушник бидејќи истиот претходно бил работно ангажиран во СЈО со исплатен огромен хонорар во износ од 1 милион 860 илјади денари односно околу 30 илјади евра.

Целата македонска јавност многу добро памети чија испостава беше СЈО, како и на кој начин работеше таа институција, и на крајот како и каде завршија таа и нејзините раководни лица.

Вториот сомнителен пример е кандидат кој во минатото бил јавен обвинител, но поради нестручно, несовесно и непрофесионално работење бил разрешен од функцијата.

И третиот сомнителен пример е актуелниот секретар во Советот на јавни обвинители.

Оттука, јасно се гледа дека за власта не се важни и главни критериуми стручноста и професионалноста на судиите и обвинителите, туку најважен критериум е блискоска и поврзаноста со партиите на власт.

Почитувани,

Ова е доказ дека за СДСМ и ДУИ не постои владеење на правото.

Ова е доволен доказ партизацијата на судството и судскиот систем во државата продолжува со засилено темпо.

Зарем ова не се причините кои доведоа до 3 % доверба на граѓаните во судството во Македонија?

На крајот, сакаме да упатиме порака дека ние како народни избраници и понатаму ќе продолжиме да се бориме користејќи ги сите демократски и деловнички алатки за да ја спречиме оваа катастрофална и погубна политика на власта.

Во Република Македонија мора да го вратиме владеењето на правото, независното и стручното судство, мора да го вратиме почитувањето на Уставот и законите, со цел подобар живот на сите граѓани.

Ели Панова, заменик-координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK