МВР информира дека во текот на вчерашниот ден во спроведена засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, биле санкционирани 128 возачи.
– Од нив три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 77 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 51 надвор од населено место, известуваат од полицијата.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелираат од МВР.