Државен тракторски натпревар за средношколци во Кавадарци

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Државен тракторски натпревар за средношколци се реализира денеска во Кавадарци, домаќин на 51 по ред натпреварување е Земјоделско – шумарското училиште „Ѓорче Петров“.

Директорката на училиштето, Ратка Росомански изрази задоволство што овде на едно место се собраа претставници на земјоделски, ветеринарни и шумарски училишта


– Денес сите ќе бидеме сведоци на најдоброто од нашите ученици. Натпреварите отсекогаш биле предизвик за учениците и нивните професори, момент кога ги покажуваме стекнатите знаења и вештини. Сите вие сте иднината на нашата држава и горди сме што сте денес тука. Посакувам успех на сите, а најдобрите да бидат победници, рече таа.

Ефремчо Николов, професор во кавадаречкото Средно земјоделско – шумарско училиште, „Ѓорче Петров“, појасни за МИА дека целта на натпреварот е ученици да се стекнат со практични вештини врз основа на теоретската и практичната наобразба што ја стекнале во текот на школувањето. Натпреварот е признаен од МОН и Центарот за средно стручно образование и обука, а учество земаат вкупно околу 130 ученици, 55 професори ментори, а како претседатели на секоја поединечна дисциплина се вклучени и универзитетски професори од Штип и од Скопје.

– Во организација на здружението на земјоделски и шумарски училишта на Македонија, Тера-Фитон-Анимал и нашето училиште што постои 67 години, го организираме 51 државен тракторски натпревар. Во натпреварот учество имаат 10 земјоделско – ветеринарни и шумарски училишта со нивните професори и ментори. Учениците се натпреваруваат во шест дисциплини. Вешто возење и управување со трактор со категории машки и женски, препознавање на семиња и плевели, коски и органи кај домашни животни, калемење на овошки, аранжирање на цветни аранжмани и органско земјоделско производство, појасни Николов, кој е потпретседател на здружението на земјоделско – ветеринарни и шумарски училишта.

Свое обраќање имаше и претседателот на здружението на земјоделски и шумарски училишта Игор Николов.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK