Поддржувачите на поранешниот пакистански премиер Имран Кан подготвуваат протестен марш до главниот град Исламабад, каде што тој е во притвор за случај за корупција.
Кан беше уапсен вчера од пакистанската служба за борба против корупцијата по наредба на Врховниот суд. Полицијата соопшти дека рочиштето ќе се одржи во полициската гостинска куќа каде што тој е сместен.
Апсењето дојде еден ден откако армијата го обвини Кан дека постојано обвинувал висок армиски офицер дека се обидел да го организира неговиот атентат и поранешниот шеф на вооружените сили дека го поттикнал неговото сменување од премиер минатата година.
Како одговор, неговото Движење за правда повика на „блокирање“ на целата земја, а во многу градови поддржувачите на Кан се судрија со полицијата. Во Лахор и Равалпинди беа нападнати армиски згради.
Поддржувачите на Кан во северозападната провинција Хајбер Пахтунхва беа повикани да се соберат рано утринава во градот Сваби за да заминат за Исламабад.