Во Албанија инфлацијата во април падна на 4,6 отсто

instat
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Инфлацијата во Албанија покажува значителни знаци на забавување шести месец по ред, почнувајќи од ноември 2022 година, објави денеска државниот Институт за статистика, ИНСТАТ.

Институтот наведува дека инфлацијата во април изнесува 4,6 отсто, наспроти 6,2 отсто истиот месец минатата година.


Во март инфлацијата беше 5,3 отсто од 7,1 отсто колку што била во февруари.

– Во однос на март 2023 година, цените во групата „Мебел, апарати за домаќинство и одржување на домот“ се зголемени за 0,9 отсто, потоа во групата „разни стоки и услуги“ за 0,6 отсто, „алкохолни пијалаци и тутун“ и „забава и култура“ “ со по 0,5 отсто, „хотели, кафулиња и ресторани“ со 0,4 отсто, „здравје“ со 0,3 отсто, „комуникација“ со 0,2 отсто, „облека и обувки“ и „образовна услуга“ со по 0,1 процент.

Од друга страна, цените на групата „транспорт“ се намалени за 1,1 отсто, како и во групата „Храна и безалкохолни пијалаци“ за 0,2 отсто.

Инаку, највисоко ниво на инфлација во Албанија беше забележано во октомври минатата година, кога достигна 8,3 отсто, по што почна благо да се намалува. Така, во ноември беше 7,9 во декември 7,4 и во јануари 7,2 отсто.

Централна банка на Албанија предвидува дека инфлацијата ќе продолжи да се намалува со брзо темпо во останатите месеци и се очекува таа да падне на 2,4 отсто до средината на следната година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK