Изградба на акумулација на реката Зрновка влегува во постапка што ја иницира Општина Зрновци

voda_234324234
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Општинa Зрновци почнува постапка за изработка на техничка документација и физибилити студија за изградба на акумулација на реката Зрновка во нејзиниот планински тек на Плачковица.

Активностите се во рамки на проектот „Урбанистички план за подрачја и градби од државно значење”, со кој Локалната самоуправа се обврзува да ги изработи потребните подзаконски акти и целокупната документација да ја достави до Министерството за земјоделство и Министерството за транспорт и врски, кое е надлежно за донесувањето на урбанистичкиот план.


-Проектот не се однесува на мал зафат за вода, какви што вообичаено се прават при изградба на мини хидорцентрали, туку за голема акумулација што ќе има повеќекратна намена. Техничкиот проект и физибилити студијата ќе покажат колкав капацитет ќе има браната, каков тип на градба е најсоодветен и оправданоста од инвестицијата. Од Министерството за транспорт и врски добивме потврда дека можеме да ја почнеме изработката на физибилити студијата, паралелно со рокот во кој ќе се чека на донесувањето на урбанистичкиот план од нивна страна. Едногласна согласност веќе добивме и од Советот на Општината, со што ја почнуваме целата процедура со која комплетно ќе се промени сликата за Зрновци и регионот, истакна градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев.

Изградбата на акумулација на Зрновка се оценува како објект од витално значање, не само за Зрновци, туку и за неколку соседни општини, а ќе има и поширока важност за целата држава. Во образложението за оправданоста на инвестицијата се наведени четири приоритетни сегменти, а најважни се континуираното наводнување на земјоделски површини на пет општини во источниот регион и водоснабдувањето на домаќинствата.

На реката Зрновка веќе има водозафат за малата хидроцентрала изградена во 1950 година, која произведува околу 1,6 мегавати електрична енергија, а со новата акумулација би се овозможила изградба на хидроелектрана со поголем капацитет, како услови за развој на туризам, спорт и риболов.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK