– Поетско читање во рамки на манифестацијата „Ден на станушина”, се одржа синоќа во винотеката во Кавадарци. Се читаа стихови посветени на виновата лоза, виното, љубовта. Настанот беше во организација на здружението ,,Тиквешки семејни винарии”. Манифестацијата е во чест на единствената автохотна сорта на грозје, што ја негуваат малите винарии и од неа прават вино ,,станушина”.
– Во рамки на манифестацијата, предвидени се повеќе активности. Утре, на денот на станушината, на агендата се две стручни предавања на тема од лозаровинарството и посета на Вински музеј, рече Александар Клинчаров, потпретседател на здружението.
Според програмата, предвидено е обракање на министерот за земјоделство Љупчо Николовски, за потребата и развојот на малите семејни винарии, како темел за развој на винскиот туризам во државата.
Манифестацијата, што ја има поддршката и од кавадаречката локална самоуправа, ќе заврши со спарување на традиционална тиквешка храна со виното станушина, музика и дружење.