Регионална ревија на песни музика и игри во општина Илинден

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Домот на култура во Општина Илинден се одржа 21. Регионална ревија на песни, музика и игри на пензионерски здруженија од регионот. Организатор е Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија, а домаќин е Здружението на пензионери – Илинден.

Како што информира општина Илинден, домаќинот Здружението на пензионери Илинден, чиј претседател е Васе Ѓорѓиевски, ги поздрави присутните и им посака успешно да ги претстават своите изведби.


Меѓу присутните беше и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека општината има одлична соработка со Здружението на пензионери Илинден со цел остварување поквалитетен живот на пензионерите.

– Оваа Регионална ревија е од исклучителна важност за пензионерите бидејќи дава придонес во зачувувањето на културната традиција, во негување на фолклорот, дава можност за дружење, социјализација, подолг и поквалитетен живот на пензионерите. Ние како локална самоуправа, во рамки на своите можности, како до сега и понатаму ќе излегуваме во пресрет на барањата на пензионерите, ќе ги разгледуваме нивните предлози, сугестии и иницијативи, како и ќе преземаме мерки кои ќе придонесат за збогатување на секојдневниот живот на пензионерите во општина Илинден, изјави градоначалникот Георгиевски.

Претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија Станка Трајковска ги поздрави присутните, ја истакна благодарноста кон Општина Илинден за поддршката и ја прогласи ревијата за отворена. Учествуваа Здруженијата на пензионери од Илинден, Гази Баба, Кисела Вода, Сарај, ОВР како и Здружение на воени пензионери, а имаше околу 130 учесници.

На сите учесници им беа доделени благодарници, а најдобрите ќе земат учество на Републичките средби.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK