Борел испрати порака за солидарност со Србија по уште едно масовно убиство

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска по повод „уште едно масовно убиство во Србија каде беа убиени невини луѓе“ изјави дека „ЕУ е со Србија во овие тешки моменти“.

„Уште едно масовно убиство во Србија каде беа убиени невини луѓе. Ова е шокантна и страшна трагедија – ја чувствуваме болката и стоиме со народот на Србија во овие тешки моменти. ЕУ е со Србија“, напиша Борел во пораката на Твитер.


На крајот од пораката на англиски јазик, на српски пишува „ЕУ е со Србија“, како и во пораката со сочувство на шефот на Делегацијата на ЕУ во Србија, Емануел Жофре, испратена претходно денеска по повод оваа нова трагедија.

Синоќа, недалеку од Младеновац, 21-годишен маж со автоматска пушка уби осум, а повреди 14 лица и утринава е уапсен по повеќечасовна потера.

Во Србија денеска почна тридневна жалост по трагедијата во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, кога 13-годишен ученик во средата наутро уби осум ученици и еден обезбедувач, а повреди уште шест ученици и една наставничка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK