Белгиските власти уапсија наводен терорист на Ал Каеда, соопшти денеска јавното обвинителство, пренесе ДПА.
Осомничениот, роден во 1979 година и од ирачка националност, е обвинет за неколку убиства со терористичка намера, учество во терористичка група, воени злосторства и злосторства против човештвото, се вели во соопштението.
Како дел од терористичката ќелија на Ал Каеда, се верува дека тој е делумно одговорен за неколку бомбашки напади со автомобили во таканаречената Зелена зона во Багдад во 2009 и 2010 година, во кои загинаа најмалку 376 луѓе, а над 2.300 беа повредени, соопшти обвинителството.
Осомничениот, кој бил уапсен и обвинет во средата, денеска треба да се појави пред судот во северниот град Мехелен, каде судијата треба да одлучи дали тој ќе остане во притвор.