СДСМ објави фотографии од поплавена соба во штипската болница: „Ова е сликата на македонското здравство“


soba.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СДСМ обвини дека пациентите во Клиничката болница во Штип се лекуваат во несоодветни услови, објавувајќи фотографии на кои, според партијата, се гледа поплавена болничка соба и оштетен таван.


Обвинувањата се објавени на Фејсбук-страницата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од каде што порачуваат дека ваквата состојба е сликата на македонското здравство под раководство на премиерот Христијан Мицкоски и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

„Ова е сликата на македонското здравство денеска со Христијан Мицкоски и Сашо Клековски. Клиничката болница во Штип. Поплавена соба, распаднат таван“, се наведува во партиското соопштение.

Од СДСМ прашуваат во какви услови се лекуваат пациентите и работат лекарите, обвинувајќи дека додека има пари за, како што велат, криминални тендери, нема средства за подобрување на состојбите во здравството.

„Нема доволно зборови за оваа катастрофа. За криминални тендери има пари, а за здравството нема. Кој ќе одговара? Или повторно некој друг ви е виновен?“, прашуваат од опозициската партија.

Од СДСМ бараат одговорност за состојбите во болницата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK