Синоќа на скопските клиники, во животно загрозувачка состојба е донесена 42-годишна Гостиварчанка, наш сограѓанин, нечија мајка, сестра и ќерка. Првичните информации се дека два дена е тепана од сопругот, со скршен череп и непрепознатлив лик.
Прашањето е КАКО? Како дојдовме од земја на честити мажи, домаќини, генерациите на татко ми беа пример како се сака и почитува жена, до секојдневна црна хроника, жени како вреќи за боксирање и скрпени носеви??
ПОГРЕШНИ ВРЕДНОСТИ И СЛАБИ МАЖИЊА!!!!
Да, слаби мажиња! Силен маж НЕ тепа жени!! Секој може да истепа жена, тоа не е достигнување, туку СРАМ! Ама отсуството на правилно татково воспитување и љубов, комбинирано со дигитално влијание си го стори своето. Маносфера, Ендру Тејт wannabe мажиња кои биле инфериорни цел живот па сурфаат ALPHA MALE за да се утешат “ова можам/требаше да бидам јас!!!
Алфа мажјак е пред се и над се тој што си го сака и штити семејството, жена, сестра, мајка и ќерка се чуваат како зеница во око, чукнете тимбите фраери на батерии!!!!