Средба на Сиљановска-Давкова со претседавачката и членовите на Претседателството на БиХ


siljanovska-davkova-27.11.26-foto-1-6.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Состанокот на лидерите на Процесот Брдо-Бриони во Охрид, оствари средба со претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ и членовите Денис Беќировиќ и Даријана Филиповиќ.


Таа им честиташе на членовите на Претседателството за изборниот успех, како персонификација на довербата на граѓаните, изразувајќи особено задоволство од изборот на две жени во истото, како доказ за јакнење на женското политичко лидерство и голем демократски чекор напред.

За неа, стабилна Босна и Херцеговина, со предвидлива и сигурна европска перспектива е важен предуслов за мирен и просперитетен Западен Балкан.

Тие се заложија за поширока и поинтензивна економската соработка, соодветна на политичката, укажувајќи на важноста на транспортна поврзаност и мрежа, а особено на потребата од повторно воспоставување на авиолинијата Скопје–Сараево, како и унапредувањето на патната и железничката инфраструктура.

Соговорниците ја потенцираа важноста на образованието, науката и културата во градењето цврсти мостови меѓу двете држави и општества.

Сиљановска-Давкова ја посочи европската интеграција како заедничка стратешка цел, чие достигнување ќе значи крај на конфликтите и траен мир на Балканот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK